domasen i priroden MADZUN
ден.400 (MKD)
NEGOTINO
Маџунот или уште наречен гроздов слад е природен лек кој им е добро познат на нашите предци. Има оригинален вкус и арома, но покрај тоа и благотворно дејство врз човековото здравје. Одгледувањето на виновата лоза има традиција стара повеќе од 2.000 години. Порано, нашите предци немале шеќер во изобилство бидејќи бил прилично скап, па така слатките и колачите ги поготвувале со маџун. Фактот што со маџун ги хранеле и бебињата зборува за тоа дека многу верувале во неговата лековитост. А денес и науката покажува дека овој начин на исхрана е исклучително здрав. Меѓу познавачите на маџунот, позната е изреката дека маџунот од бело грозје е храна, а од црвеното грозје е лек.

madzun-1-za-sajtot-600x330

Маџунот е вистинска ризница на хранливи состојки која помага за подобрување на човековото здравје. За него се вели дека е хранлив како мајчиното млеко. Изобилува со минерали, витамини, енергетски супстанци, танини, антиоксиданси, гроздов и овошен шеќер, органски киселини и сл. Содржи природен шеќер – гликоза кој веднаш се апсорбира во крвта, а потоа и во целото тело.

Препорачлив е за сите возрасти. Го зајакнува имунолошкиот систем кај децата, адолесцентите, но и постарите лица и спортистите. Помага при настинки и инфекции на респираторниот систем, психички нарушувања, прекумерна телесна тежина, анемија и болести на кардиоваскуларниот систем. Посебно се препорачува кај луѓе со нарушена функција на црниот дроб поради прележана жолтица, алкохолизам, цироза и прекумерна употреба на лекови. Гроздовиот сок е освежувачки за пациенти со треска. Бидејќи има антиоксидативни својства делува и антиканцерогено. Се препорачува и за зајакнување на имунитетот со што организмот е поотпорен на болести. Доволна е количина од 30 – 50 мл. за одржување на имунитетот, и количина од 100 мл. за опоравување и обновување на организмот.

madhun1

Маџунот е 100% природен производ без додаток на шеќери, адитиви и конзерванси. Употреблив е при секојдневната исхрана при засладување на чај, млеко мусли, прелив на торти, сладоледи и колачи. На тој начин не само што се подобрува вкусот на омилените пијалаци и јадење, туку се подобрува и целокупното психофизичко здравје, тврдат лекарите. За да се избегне нарушување на здравјето доволни се една до две лажици маџун во текот на денот. Може да се консумираат наутро или навечер, самостојно или растворени во вода, чај, млеко или сок.
1 0 Коментари 0 Споделувања
Ве молиме најавете се за да притиснете ми се допаѓа, да споделите и да коментирате!
reklama
market