About / За Нас

Социјалната мрежа Рурален Маркет е насочена кон решавањето на проблемот на пласман на земјоделските производи, шумските плодови и билки, на мед и производи од мед, пласман на занаетчиски производи, презентација на туристичкиот потенцијал на регионот, презентација на културното и автохтоно богатство на регионот, како и поттикнување на целокупниот рурален  развој на локалните заедница кој ќе се темели на партнерство врз основа на начелата на одржливиот развој со оптимално користење на постоечкиот потенцијал, иновативноста и развиената силна конкурентност во земјоделството, руралниот туризам и обезбедени услуги за задоволување на јавните потреби.

 

Социјалната мрежа Рурален Маркет ќе создаде средина во која ќе се осигура понатамошниот развој на локалниот идентитет, преку заживување на традицијата, културното и природното наследство, градење на синергии на сите чинители во развојните процеси, користење на локалните – ендогени потенцијали и подигнувањето на севкупните капацитети на човечките потенцијали.

 

Оваа платформа ќе обезбеди: унапредување на животниот стандард на луѓето, поттикнување на стопанските активности, отворање на нови работни места, безбедна и зачувана животна средина, одржливо и рентабилно земјоделско производство и развој на руралниот туризам.

 

Исто така, користењето на платформата ќе помогне во:

а) решавање на дел од социо - економските проблеми со кои се соочуваат засегнатите страни, како и целните групи кои ќе бидат опфатени со оваа проектна иницијатива,

б) зајакнување на капацитетите на организациите, како од аспект на човечките ресурси, така и од финасов аспект на граѓанското општество,

в) остварување на партнерства и соработка од повеќе сектори(земјоделство, развој на рибарство, трговија, занаетчиство, пчеларство, рурално угостителство, рурален туризам, археолошки туризам),

г) Зајакнување на лидерски и претпримачки вештини кај засегнатите страни,

д) создавање амбиент за стабилна фискална  средина  на организациите од граѓанското општество.

market